Сончево и топло до среда, а потоа промена: Какво време не очекува во текот на неделата

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Утре и во среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе
бидат над 30 степени.

Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски, и тоа за сабота максимална температура се очекува да биде 36 степени, а во недела 35 степени Целзиусови

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега