УХМР ги измери температурите во 11 часот низ Македонија. Со 14 степени најсвежо е на Попова Шапка, додека Гевгелија е најтопло место со 30 степени.

Во Скопје во 11 часот се измерени 24 степени.

УХМР објави метео аларм за ново силно невреме во Македонија, по вчерашното кое остави хаос зад себе.

-Денеска ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), велат од УХМР.

Exit mobile version