Денеска нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а попладне можно е локално да има краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 9 до 32°C, а во Скопје до 31°C.
Во текот на неделава времето ќе биде променливо, со сончеви периоди претпладне и можност за нестабилност попладне. Во четврток се очекува поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.


