Софија почнува вакцинација по фирми

 

Градските власти во Софија од понеделник ќе почнат да прифаќаат апликации од компании, претпријатија и деловни центри, во кои има најмалку 50 лица кои сакаат да ги вакцинираат своите вработени против ковид-19, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

Фандакова ќе испрати тимови за вакцинација на самото место.

Апликацијата ќе биде поставена на веб-страницата на Контакт центарот на градските власти во Софија на 5 јули, која управителите на компаниите ќе можат да ја пополнат.

Викендов, поради високите температури и поголема безбедност за здравјето на медицинските тимови и граѓаните, ќе работат затворени пунктови во неколку од трговските центри во Софија и во одделни области во главниот град.

Градоначалничката на Софија исто така најави дека веќе има упатство од регионалните здравствени власти за вакцинирање деца над 12-годишна возраст. Тие можат да се вакцинираат со вакцината „Фајзер“ од страна на нивните матични лекари или на местата за вакцинација во Софија.

– Вакцините на „Џонсон“ и „Модерна“ ќе им се даваат на лица над 18 години – рече Фандакова.

Општина Софија, заедно со истакнатиот бугарски виролог, проф. Тодор Кантарџиев, организираат кампањи за промовирање на вакцинацијата на вработените во големите општински претпријатија, како и на приватните компании чии активности се клучни за функционирањето на главниот град.

Според градоначалничката Фандакова, единствениот начин да се заштитат луѓето од наглото зголемување на бројот на заразени од октомври е сега да се зголеми процентот на вакцинирани против ковид-19.

01.07.2021 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега