Социјална дилема: Документарец на Нетфликс кој ќе ве натера со други очи да гледате на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Новиот документарец на Нетфликс, „Social Dilemma“, многу корисници на социјалните мрежи ги навел на размислување, а некои, според коментарите, и ги преплашил.

Филмот на режисерот Џеф Орловски се занимава со опасностите на социјалните мрежи за кои зборуваат информатичките експерти кои и сами учествувале во создавање на социјалните мрежи. Според нив, Гугл не е само пребарувач, а Фејсбук не е само место каде ќе гледате што прават вашите пријатели. Интернетот може да влијае на вашето однесување и надвор од него.

Многу твитерџии филмот длабоко ги вознемирил, а некои дури оваа драма ја нарекле “хорор од вистинскиот живот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега