Close Menu
Press24
    Најново

    Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

    12.04.2026 во 13:01

    Хорор за Велигден: Маж ја претепал сопругата со дрвени предмети

    12.04.2026 во 13:00

    Христос Воскресе – Навистина Воскресе

    12.04.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија
    • Хорор за Велигден: Маж ја претепал сопругата со дрвени предмети
    • Христос Воскресе – Навистина Воскресе
    • Претседателката: Нека празничната радост нè обедини и нека нè поттикне на меѓусебна почит и разбирање
    • Бујар Османи: За Велигден дежурам за колегите да празнуваат со своите семејства
    • Историски ден за Унгарија: Дали денеска завршува 16-годишната ера на Виктор Орбан?
    • Дипломатски неуспех: Преговорите меѓу САД и Иран пред колапс – какви се последиците?
    • Краткотраен мир: Руската армија го прекрши примирјето веднаш по стапувањето на сила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

    Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

    12.04.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат денеска.

    Како што соопшти собраниската прес-служба, мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. Специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на изборите во Унгарија е Саргис Канданјан, пратеник од Ерменија и претседател на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на ПС на ОБСЕ, а шеф на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ е пратеничката Рупа Хук, членка на делегацијата на Обединетото Кралство во ПС на ОБСЕ

    Парламентарното собрание на ОБСЕ по четврти пат ги набљудува изборите во Унгарија. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваат со шефот на Мисијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР), Еоган Марфи (Ирска), неговиот тим од 15 меѓународни експерти со седиште во Будимпешта, 18 долгорочни набљудувачи распоредени низ земјата од 26 февруари 2026 година, како и околу 200 краткорочни набљудувачи распоредени на денот на изборите. Тимот на ПС на ОБСЕ, исто така, соработува и со Делегацијата од 32 парламентарци од Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Пабло Испан, пратеник од Шпанија.

    Во пресрет на изборите, набљудувачите учествуваа на дводевни сеопфатни брифинзи со високи претставници на политичките партии и коалиции што учествуваат на изборите, со шефот и долгорочните набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и со претставници на изборната администрација, на граѓанските организации, на медиумите, аналитичари и експерти.

    Мисија за набљудување на парламентарните избори во Унгарија треба да процени дали изборите се спроведуваат согласно демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година, кои вклучуваат, меѓу другото, слободно гласање, фер и слободна изборна кампања, правичен пристап до медиумите, како и чесно и точно известување за резултатите.

    Наодите на набљудувачите ќе бидат анализирани и вклучени во Изјавата со првични наоди и заклучоци, која ќе биде претставена на Заедничката прес-конференција на Меѓународната мисија за набљудување на изборите во Унгарија, што ќе се одржи на 13 април 2026 година, во 15 часот, во Будимпешта и ќе се пренесува во живо на веб-страницата на ПС на ОБСЕ (www.oscepa.org), стои во соопштението.

    Популарно

    Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

    12.04.2026 во 13:01

    Хорор за Велигден: Маж ја претепал сопругата со дрвени предмети

    12.04.2026 во 13:00

    Христос Воскресе – Навистина Воскресе

    12.04.2026 во 12:54

    Претседателката: Нека празничната радост нè обедини и нека нè поттикне на меѓусебна почит и разбирање

    12.04.2026 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.