Во Собрание на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи 86. пленарна седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.
Оваа седница традиционално се одржува секој последен четврток во месецот, при што прашањата до премиерот и ресорните министри најнапред ги поставуваат пратениците од опозицијата.
Исто така, секој последен четврток во месецот се реализира и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на медиумите.

