Во Собранието денеска започна расправата за Дополнетиот предлог буџет за 2026 година. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, пред пратениците ги претстави клучните проекции, нагласувајќи дека документот обезбедува продолжување на макроекономската стабилност, фискална консолидација и средства за сервисирање на сите обврски, вклучително и исплаќање на еврообврзницата.

Клучни макроекономски параметри за 2026 година:

ПоказателПроекција
Раст на БДП3,8%
Инфлација2,5%
Вкупни приходи374,9 милијарди денари
Вкупни расходи414,2 милијарди денари
Буџетски дефицит39,2 милијарди денари (3,5% од БДП)

Министерката посочи дека Буџетот е изработен врз основа на „одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал“, со цел да се поттикнат продуктивноста и конкурентноста.

„Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет,“ рече Димитриеска Кочоска.

На матичната Комисија за финансирање и буџет, од околу 200 поднесени амандмани, беа прифатени шест. Со нив се обезбедуваат средства за кадровско зајакнување на ОТА, реконструкција на натпатникот Штип–Чардаклија, отворање психосоцијални центри за млади, опремување на Итна помош и уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар.

На почетокот на пленарната седница, парламентарното мнозинство прифати по скратена постапка да се донесат Предлог-законот за извршување на Буџетот и измените на законите за административни службеници и вработени во јавниот сектор.

Exit mobile version