Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“
    • Воз удрил во автомобил кај Заечар – во возилото имало три девојки
    • Студен ден во Македонија, УХМР ги измери температурите – Очекувајте дожд и снег
    • „Нов свет, ново лидерство“: Иванов ја отвори Школата за млади лидери
    • Разорни ветрови удрија преку ноќ во Анталија: Торнадо погоди контејнери каде што спиеле работници, четворица загинаа
    • Жените денеска никако не смеат да направат една работа – Важно народно верување за Петковден
    • Сите училишта и градинки во Центар ќе добијат фотоволтаици
    • Ужас во болница во Загреб: На жена ѝ е отстранет целиот желудник поради рак што го немала – Обвинителството бара затворска казна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска

    Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска

    26.10.2026 во 14:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратениците во Собранието денеска не ја изгласаа интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од политичката партија Левица. Со 19 гласови „за“, 63 „против“ и ниту еден воздржан, интерпелацијата беше одбиена.

    За време на расправата, пратениците од опозицијата изнесоа обвинувања за недоволни резултати во секторот енергетика, деградација на јавниот интерес, како и за доцнење во реформите за интеграција на домашниот пазар со европскиот. Тие упатија критики и за условите при откупот на струја од фотоволтаичните електрани, барајќи поголема транспарентност.

    Од владејачкото мнозинство ја бранеа работата на министерката, посочувајќи дека повеќето забелешки се однесуваат на институции надвор од директните надлежности на Министерството, како ЕСМ, ЕВН и РКЕ. Од власта ги истакнаа донесувањето на новиот Закон за енергетика, субвенциите за ранливите категории и инвестициите во нови енергетски капацитети.

    На обвинувањата од собраниската говорница се обрати и министерката Сања Божиновска.

    Не може политичкото несогласување да се прогласи за незаконитост, a различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот и не може обвинувањето да стане факт само зашто сте го напишале во вашата неиздржана интерпелација. Функцијата е привремена, одговорноста кон државата останува, а вистината не се утврдува со бројот на пишани критики и со цитати од Вибер, туку со силата на доказите, порача Божиновска.

    Таа додаде дека поднесената интерпелација претставува можност пред граѓаните да се претстави досегашното работење на ресорот.

    Да се биде министер е одговорност и чест. Таа чест се оправдува со работа, со подготвеност одлуките да се носат пред граѓаните. Им благодарам на пратениците што ја поднесоа интерпелацијата, зашто ми дадоа можност целосно да ја претставам работата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Правото да побарате моја одговорност го почитувам. Меѓутоа, ќе побарам и вие да ја прифатите одговорноста за точноста на изнесените тврдења. Живеев, се образував и работев во Западна Европа. Затоа, ќе ми верувате кога ќе ви кажам дека сакам Македонија да биде држава во која министрите редовно даваат отчет пред Собранието, а опозицијата ја контролира власта. Демократијата добива вредност кога граѓаните можат да слушнат конкретно прашање и да добијат конкретен одговор. Сакам да ви порачам дека со внимание ќе ги следам вашите дискусии, дури и оние најпартиските и оние кои имаат цел да ме нападнат за да извлечеме што поодбри заклучци, истакна Божиновска.

    Министерката праша и дали расправата се води врз основа на акти и факти или врз основа на обвинувања во кои се мешаат ингеренциите на Владата, Министерството, ЕСМ, РКЕ и општините.

    Прочитај повеќе

    Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“

    27.10.2026 во 10:48

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Митев: Водата е проблем, проектите останаа само ветувања

    27.10.2026 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.