Собранието ќе ја измени работата на Собраниски канал, подготвено е ново студио
Во Собранието се подготвува Нацрт програма за работата на Собранискиот канал, преку кој граѓаните ќе се информираат за работата на пратениците и за функционирањето на Парламентот.
Новото студио од каде што ќе се емитува програмата е опремено, а истовремено со Нацрт програмата, се работи и на доекипирање на Собранискиот канал со новинари и друг персонал. Потоа, треба да започне со пробен период на работа.
Донесувањето на програмата на Собранискиот канал е обврска од измените и дополнувањата на Законот за Собранието.
Според Парламентарниот институт, целта е заедно со набавената опрема за модерно ТВ студио на законодавната власт и ангажираните вработени да се развие модерно емитување на агендата на Собранието и да се прикажуваат едукативни емисии за законодавната власт, други знаменитости, ре-емитување на програма од Европскиот парламент и друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа