Собранието ја изгласа потребата од корекција на законот за важноста на возачките дозволи
Собранието денеска ја изгласа потребата од измени во Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата со кои ќе се овозможи лицата кои немаат возачки со новото уставно име да можат да продолжат да возат.
Законот е проследен до надлежната Комисија, од каде повторно ќе биде ставен на гласање на пленарна седница.
Се очекува возачките дозволи да продолжат да важат за домашна употреба до 31 декември 2024 година.
12.02.2024 - 15:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа