Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието гласа за нов уставен судија

    Собранието гласа за нов уставен судија

    18.02.2026 во 08:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска ќе ја одржи 85. седница, на која се очекува да бидат констатирани оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимовски, како и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, Цвета Ристовска.

    На дневен ред се очекува да се најде и изборот на Гоце Наумовски за нов уставен судија. По исцрпувањето на точките, предвидени се два часа за опозициски прашања упатени до премиерот и министрите.

    Според предложениот дневен ред, засега се предвидени две точки: Предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување и Предлог-закон за органско земјоделско производство, во прво читање.

    Бислимовски оставката до законодавниот дом ја доставил на 12 февруари годинава, со барање да му биде утврден престанокот на функцијата, без дополнително образложение за причините.

    Мандатот на Бислимовски, кој вторпат е на чело на РКЕ, му истекува во јуни 2028 година. Управата за финансиска полиција (УФП) пред неколку недели поднесе кривична пријава за Бислимоски сомничејќи го за злоупотреба на службената положба и овластување. 

    Членот на ДКСК Ристовска испрати допис до Собранието следниот ден, на 13 февруари, во којшто наведува дека по недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа донела одлука да поднесе неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси. 

    – Во текот на целата моја професионална кариера, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршував законито, совесно и со најдобра намера. Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата, во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси, барав изземање во согласност со законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет, напиша Ристовска во оставката.

    Оставката на Ристовска следува откако некои медиуми минатата недела објавија дека ДКСК отворила два предмети против неа, поврзани со непријавување на фирмите на нејзините деца во анкетниот лист и потенцијален судир на интереси.

    По констатирањето на оставките треба да биде свикана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да распише огласи за избор на нов претседател на РКЕ и за нов член на Антикорупциска. 

    Минатата недела Комисијата за нов уставен судија го предложи проф. д-р Гоце Наумовски, професор на Правниот факултет на УКИМ во Скопје, кој доаѓа на местото на уставната судика Јадранка Дабовиќ Анастасовска која од лични причини поднесе оставка на фукцијата во декември минатата година.  

    Претседателот на Собранието Африм Гаши на понеделничкиот брифинг со новинарите најави дека предлог дневниот ред на седницата би можел да биде дополнет. 

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.