Close Menu
Press24
    Најново

    Вајц: Уставните измени не се предмет на преговори

    06.03.2026 во 12:02

    Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот на Катар: Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток

    06.03.2026 во 11:56

    Ѓорѓиевски: Наша обврска е да ги заштитиме децата во дигиталниот свет

    06.03.2026 во 11:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вајц: Уставните измени не се предмет на преговори
    • Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот на Катар: Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток
    • Ѓорѓиевски: Наша обврска е да ги заштитиме децата во дигиталниот свет
    • Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството
    • Гори куќа на Водно
    • Цените на нафтата се удвојуваат поради конфликтот во Иран
    • Голем пресврт за четири хороскопски знаци – ги чекаат најтурбулентните недели во годината
    • Дигитално поврзување на преку 10 000 македонски микро и мали компании
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собирање и валоризација на биоотпад: Проблеми и решенија

    Собирање и валоризација на биоотпад: Проблеми и решенија

    24.09.2025 во 16:34Updated:24.09.2025 во 17:553 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


    Големи количини на органски отпад завршуваат на депониите
    . Има бројни примери во Европа што се фокусираат на иновативни решенија во градовите, коишто придонесуваат за преработка на биоотпад во производи со висока додадена вредност.

    Околу 225 милиони тони цврст комунален отпад (ЦКО) се собрани во 2020 година во Европа (505 кг по глава на жител). Во ЕУ 50% од него се отстранува (27% за добивање енергија од отпад во постројки за согорување и 23% се депонираат), 48% се искористува (30% во постапки за рециклирање и 18% при селективно собирање за добивање компост), додека 2 % неконтролирано се губи (отстранува).

    Имајќи го вo предвид влијанието што биоотпадот го има врз животната средина поврзано со генерирањето на стакленички гасови, како и големата економска загуба, заради трошоците за данок за негово депонирање, или губење на вредноста на различните рециклирачки материјали што се наоѓаат во ЦКО (пластика, хартија, метали и стакло, заедно со отпадната органска материја), правилното постапување со биоотпадот е клучно за унапредување на живеењето во градовите.

    Стапката на валоризација на цврстиот комунален отпад е повисока во земјите од Централна и Северна Европа (околу 60%) отколку во земјите од Јужна и Источна Европа (околу 20%), каде што инфраструктурата за собирање и третман на отпад, како и свеста за животната средина, се помалку развиени.

    Новото европско законодавство и стратегии за управување со отпад (Рамковна директива за отпад 2018/8511, Водечката иницијатива на патоказот во рамки на Европа 2020, Акциониот план за циркуларна економија за 2030 година) идентификуваат приоритети во третманот на отпад: превенција, повторна употреба, рециклирање, преработка и отстранување.

    Многу градови во ЕУ се соочиле со предизвици поврзани со организација и оптимизирање на системот за селекција и селективно собирање на биоотпадот од домаќинствата во градот, со цел зголемување на вредноста на рециклирачките материјали на ЦКО, со посебен фокус на валоризацијата на биоотпадот.

    ПРОБЛЕМИРЕШЕНИЈА
    Ниска мотивација за рециклирање. Недостаток на знаење за тоа како да се одвои отпадот.Граѓаните мора да се сметаат за основа на синџирот за рециклирање на биоотпад. Потребни се податоци за селективното собирање, за системот да се организира на одржлив начин.

    Во оваа смисла, подигнувањето на свеста на граѓаните за начинот на селектирање и рециклирање е значајно, за да се зголеми вредноста на биоотпадот. Потребна е доследно следење на чекорите во постапувањето со биоотпадот (како селекција и преттретман на органската фракција на ЦКО), со цел да се избегне контаминација и несакано предвремено разградување на биоотпадот, што го намалува неговиот потенцијал за валоризација во производи со висока додадена вредност (како компост и сл.).

    Извор: https://waste-management-world.com/

    Оваа статија е подготвена во рамките на Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и е поддржано од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04

    Почина поранешен македонски пратеник – Го загуби синот во автобусот на „Дурмо турс”

    06.03.2026 во 08:35

    Продолжен притворот на Стојанче Јовановски – Трагедијата во Карпош ја крена Македонија на нозе

    06.03.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.