Со возило излетале од патот во кочанско, па избегале - малолетници побарале лекарска помош

На 14.01.2022 во 23.00 часот било пријавено дека на патот Пробиштип-с.Ратавица, на место викано „Коритница“, патничко возило „нисан кашкаи“, со кочански регистарски ознаки, управувано од А.А.(21) од с.Ратавица, кочанско, излетало надвор од коловозот, по што го напуштило местото на несреќата.

На 15.01.2022 во 03.30 часот во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ на лекарски преглед се јавиле двајца малолетни сопатници од возилото, при што им биле констатирани телесни повреди.

Околу 19.45 часот дошол уште еден малолетен сопатник од возилото, на кој му била констатирана тешка телесна повреда.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

16.01.2022 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега