Close Menu
    Најново

    ​Со песна и насмевки коледарчињата од Кисела Вода во Бадниковата поворка

    06.01.2026 во 14:30

    Герасимовски: Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други

    06.01.2026 во 14:17

    Скијачи формираа срце во спомен на жртвите во Кран-Монтана

    06.01.2026 во 14:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ​Со песна и насмевки коледарчињата од Кисела Вода во Бадниковата поворка
    • Герасимовски: Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други
    • Скијачи формираа срце во спомен на жртвите во Кран-Монтана
    • Филипле: Во мир да ја дочекаме веста за Христовото раѓање – честит Бадник
    • Ѓорѓиевски за Бадник: Нека овој празник не обедини сите – за многу години
    • Жена го претепала сопругот
    • Падна Албанец на Блато – го барале за изнуда
    • Несреќа во Кичево: Работник паднал додека изведувал градежни работи – итно пренесен во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ​Со песна и насмевки коледарчињата од Кисела Вода во Бадниковата поворка

    ​Со песна и насмевки коледарчињата од Кисела Вода во Бадниковата поворка

    06.01.2026 во 14:30
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со песна, радост и детска насмевка, коледарчињата од Кисела Вода денеска беа дел од Бадниковата поворка. Дарувани со подароци од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и со Божикни ѕвезди кои претходно ги изработуваа на креативните работилници, тие од Кисела Вода се упатија кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде што празничната програма во пресрет на Хистовот раѓање-Божик, продолжи во организација на Град Скопје.

    -И покрај дождливото утро, денеска во Кисела Вода силно ја почувствувавме празничната атмосфера и духот на Бадник.

    Коледарчиња од нашата општина, со песна и насмевки, го најавија Христовото Раѓање и ја продолжија традицијата што со генерации се пренесува и се чува.

    Со задоволство ги пречекавме и ги дарувавме дечињата, како дел од обичаите кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вистинските вредности: заедништво, почит и грижа еден за друг.

    Заедно продолживме кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде што празничната програма продолжи во организација на Град Скопје.

    Овие денови нè потсетуваат колку е важно да бидеме заедно, со отворено срце и подадена рака, не само на празник, туку во секој ден од годината.

    Од срце им благодарам на дечињата за убавината што ја донесоа во ова утро, како и на нивните родители што ја негуваат љубовта кон обичаите и вистинските животни вредности.

    Нека ни е за многу години овој светол празник и нека ни донесе здравје, мир и љубов во секој дом- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Популарно

    Подгответе ги чадорите: Денеска дожд – утре снег

    06.01.2026 во 10:09

    Божикно интервју со Митрополит Пимен: До промени не се доаѓа преку промена на личности, туку преку внатрешната промената на личноста

    06.01.2026 во 11:00

    Православните христијани го слават Бадник

    06.01.2026 во 10:06

    ВМРО-ДПМНЕ: Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче

    06.01.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.