Со мобилни екипи пред црквите Грција ќе ги вакцинира верниците

Пилотска програма за вакцинација на плоштадите пред црквите во Грција, најави министерот за здравство  Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Скај”, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Кикиљас објасни дека програмата ќе започне во недела, во големите градови, како и во Атина и Солун, а вакцинацијата ќе ја вршат мобилни единици од Министерството за здравство.

 

-Оваа пилотска програма ќе се прошири и пред црквите и соборните храмови и во соработка со свештените лица и со Светиот Синод, рече министерот за здравство на Грција.

Црква од општина на грчкиот остров Крит веќе покрена иницијатива за вакцинација во рамките на соборниот храм и во соработка со локалните власти и болницата закажа имунизација на 6 септември со вакцината на Џонсон и Џонсон, а граѓаните, имаат рок до вторник да се пријават.

26.08.2021 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега