Вистински хорор се одвивал во населбата Грочка за време на новогодишната ноќ, кога 33-годишниот Н.Ц. со мачета брутално нападнал сограѓанин. Напаѓачот е уапсен вчера во Белград, по неколку дена потера, под сомнение за кривично дело „насилно однесување“.

Според информациите на српските медиуми, Н.Ц. со мачето му нанел неколку удари во пределот на главата и телото на жртвата И.Ј. Повредениот веднаш бил пренесен во болница каде му била укажана итна медицинска помош. Иако нападот бил исклучително брутален, лекарите за среќа констатирале полесни повреди кај жртвата.

Насилникот е во притвор и наскоро ќе се појави пред обвинителството за да објасни зошто на ваков свиреп начин го нападнал својот сограѓанин среде празнување.

Exit mobile version