Полициски службеници од СВР Струмица вчера попладне го лишиле од слобода 50-годишниот Д.Б. од селото Куклиш, струмичко, откако тој пукал и усмртил животно.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 14:00 часот. Осомничениот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што го усмртил кучето кое било во сопственост на М.Ѓ., жител на истото село.

По пријавата, полицијата реагирала и во 17:00 часот го привела сторителот. На местото на настанот бил извршен увид од страна на екипа на СВР Струмица во присуство на ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена ловечката пушка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version