СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од село Кадино, општина Илинден, и неговиот управител В.А. (53) од скопско Мирковци, поради злоупотреба на заштитени права и лиценци.
Измамата била откриена при полициска контрола во подружница на фирмата во Тетово. Истрагата покажала дека софтверската лиценца која ја поседувал субјектот, наместо на еден уред за кој била наменета, истовремено се појавувала и се користела во дури 16 клубови низ целата држава.
Според полицијата, лиценцата легално можела да биде инсталирана само на еден уред и не смеела да биде пренесена, со што е сторено кривичното дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.

