Со автомобил прегазена жена во Градец, пренесена е во болница со тешки повреди
Сообраќајна несреќа се случи вчера на регионалниот пат Р-1206 Гостивар-с.Градец.
Според информациите од полицијата, патничко моторно возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(40) од с.Градец, гостиварско, удрило во Ј.Б.(38) од с.Градец. По несреќата Ј.Б. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
11.11.2023 - 12:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа