Со автомобил го прегазил внукот пред куќата во Батинци
27-годишен жител на селото Цветово со автомобил го удрил својот малолетен внук пред куќа во Батинци.
-Вчера во 12.30 часот било пријавено дека пред дворно место на ул.„3“ во с.Батинци,скопско, Р.Б.(27) од с.Цветово, скопско управувајќи патничко моторно возило „пасат“ удрил во негов малолетен внук од с.Цветово. По незгодата, малолетникот бил пренесен од возачот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.
01.08.2020 - 13:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа