Снопче за влез на Алијанса за Албанците во Владата: Сè уште немаме конкретна понуда

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче вечерва во „Click Plus“ кажа дека партијата сè уште не добила понуда за да биде дел од Владата.

Снопче кажа дека се зборува за влез во Владата, но досега немало конкретни понуди, односно ресори и други идеи.

„Имаме средби на ниво на заменици, но не може да кажеме дека е време за директни преговори кога немаме конкретна понуда. Алијансата за Албанците нема конкретна понуда за влез во Владата. Врз основа на понудата, ќе анализираме“, кажа Снопче во „Click Plus“.

28.11.2022 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега