Снежното невреме ја блокираше испораката: Њујорк остана со само 1000 дози од вакцините против Ковид 19

 

Њујорк падна на драматично мал број вакцини, имајќи предвид дека снежните бури привремено ја блокираа испораката во американските држави, така што жителите на Њујорк имаат на располагање само 1.000 дози, објави „Дејли меил“.

"Доцнењето во испораката целосно ја забави нашата вакцинација. Утрово, Њујорк има на располагање помалку од 1.000 дози вакцини", изјави преку Твитер Авери Коен, портпарол на градоначалникот Бил де Блазио.

Големо невреме во претходните денови ја запре испораката на околу шест милиони дози.

И покрај паузата во испораката на вакцини, бројките од вчера покажуваат дека бројот на хоспитализирани лица продолжил да опаѓа и во моментов ги има околу 58.000, што е најмала бројка во претходните три и пол месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2021 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега