Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде што термометарот покажува -1 степен и има снежна покривка од 72 сантиметри. Според информациите од УХМР, 1 степен е измерен во Маврови Анови, 2 степени во Крушево и Лазарополе, 4 степени во Претор, 5 степени во Охрид и Берово, 6 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, 7 во Тетово, 8 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, а 9 степени во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови – 40 литри на квадратен метар, следат Попова Шапка со 35, Битола 17, Крушево 13, Демир Капија, Гевгелија и Пожаране по 8, Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид и Лазарополе по 7, Претор и Пожар-Радовиш по 6, Крива Паланка, Тетово и Прилеп по 5, Куманово, Велес и Кавадарци по 4, Виница и Струмица по 2, а Штип, Ѓуриште и Тополчани по 1 литар на квадратен метар.
Според прогнозата на УХМР, денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на одредени места ќе бидат пообилни, над 30 литри на квадратен метар. На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините претежно од снег.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а на одредени места во котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

