Обилни снежни врнежи ја парализираа Романија, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија и одземајќи два човечки животи. Најкритична е состојбата во окрузите Алба, Муреш и Сибиу, каде дефектите во електроенергетската мрежа се најбројни, потврдија од Министерството за енергетика.
Трагични вести доаѓаат од планинските предели каде спасувачките служби водат вистинска битка со времето.
„Ситуацијата во планините е исклучително комплицирана. Двајца туристи беа пронајдени мртви, а уште 97 лица беа спасени во последното деноноќие“, објави романската служба за планинско спасување Салвамонт.
Властите издадоа портокалов код за опасно време за окрузите Караш-Северин, Мехединци, Горј и Хунедоара. Таму ветерот достигнува брзина до 90 км/ч, а се очекува температурите дополнително да паднат, достигнувајќи и до минус осум степени.

