Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од дожд и снег, кои не се задржуваат на патот, се бележат на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Крушево.
Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека сите патни правци низ државата се проодни. Сепак, на делници што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на ситни одрони, па се препорачува внимателно возење.
Апелираат возачите да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Дежурните екипи се постојано на терен и работат на одржување на патиштата за да се обезбеди нивна целосна проодност.


