До крајот на годинава во Македонија нè очекува студено време со температури под нулата во утринските часови и без поголеми временски изненадувања. Според најавите, деновите ќе бидат претежно сончеви со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека ноќните и утринските ќе паѓаат до минус 3, а на одредени места и пониско.

Во периодот околу 23 и 24 декември се најавува зголемена облачност со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места можно е и слабо провејување на снег. Потоа следува стабилизирање на времето, со повеќе сончеви периоди, но и со значително постудени утра.

Новогодишната ноќ ќе биде студена, со ведро до умерено облачно време. Температурите на полноќ ќе се движат околу нулата, а во поголем дел од земјата ќе бидат и под нулата, особено во внатрешноста. Дневната температура на 1 јануари ќе биде околу 4 до 6 степени.

Exit mobile version