Смртна закана до обвинителот Јовески: Нема да ме заплашат

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, вчера преку писмо добил смртна закана доколку не биде запрена постапка за еден конкретен предмет. Информацијата што вчера ја објави „А1 он“, Јовески ја потврди во разговор за Дојче Веле.

Јовески вели дека писмото било напишано на македонски и англиски јазик, а испраќачот се претставил како припадник на одредена терористичка организација.

Писмото стигнала до Јовески од Битола, а било адресирано лично до него. Тој не ја објасни подетално содржината и предметот за кој било напишано во писмото, но изјави дека во него се барало Обвинителството да ја запре постапкатата против лица во конкретен предмет, а доколку тоа не биде сторено, била испратена смртна закана за него.

„Такви закани нема да ме заплашат во постапувањето по конкретни предмети и примена на законот“, изјави Јовески за ДВ.

27.01.2022 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега