По 28-дневна битка на лекарите на Клиниката за инфективни болести уште еден пациент почина како последица на Западнонилската треска.
Ова е деветти смртен случај од болеста која ја пренесуваат тигрестите комаци. До овој момент на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани биле вкупно 66 пациенти со оваа болест.
Директорот на Клиниката, др. Фадил Цана во изјава за медиумите кажа дека 66-годишниот пациент бил поврзан на механичка вентилација.
-Во текот на викендот регистриран е уште еден летален исход кај пациент со потврдена невроинвазивна форма на Западнонилска треска.
Се работи за 66-годишен пациент кој беше хоспитализиран на Клиниката вкупно 28 дена, и се третираше од Одделот за интензивно лекување. Пациентот беше еден од тие двајца коишто беа потешко болни, со потешка клиничка слика. Беше на механичка вентилација во респираторниот центар, рече др. Цана. Вели дека пациентот имал и претходни коморбидитети.
-Пациентот беше со доста придружни заболувања и нормално, тоа е еден од ризик факторите кои даваат неповолен исход, рече Цана.
До овој момент на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани биле вкупно 66 пациенти со оваа болест. Во моментот, хоспитализирани се 11 пациенти, а еден е со потешка клиничка слика.
- Инцидент пред црква во Скопје: Маж ја претепал сопругата
- Тешко повреден млад штипјанец – таткото тврди падот бил од кревет, а синот пријавил напад од болничар
- Скопјанка пронашла уред за следење под автомобилот – бившиот повикан на разговор во полиција
- Трагедија во Македонија: Избувна пожар во куќа, при гасењето пронајдено е безживотно тело
- Подгответе се: Од утре вистинска есен и пад на температурите
- Шасивари на тркалезна маса: Јавните средства за партиските аналитички центри мора да произведуваат јавна вредност
- Отчет на градоначалникот Почивалец: Инфраструктурни проекции, поддршка за младите и нови економски мерки во Радовиш
- Петрушевски со реакција до Филипче: Со багажот од криминални тендери и корона кризата не може да рефлектира за грижата кон граѓаните


