Службеник на српското МВР помагал во отстранување на крвавите траги на групата на Велја - сакал да се појавува со автомат

Оперативците на криминалистичката полиција, во текот на предистрагата на сите дела на криминалната група на Вељко Беливук, познат како Велја Неволја и Марко Миљковиќ, на праг се, поради три убиства, да разоткријат киднапирање и исчезнување на Лазр Вукиќевиќ, дознава „Новости“.

Имено, меѓу осомничените може да се најде и поранашен функционер и висок службеник на МВР Србија, кој помагал во отстранување на траги.

До важни докази полициските службеници ги одвеле снимките од безбедносните камери, но и сведочењата на осомничените, кои во оваа голема акција се нашле зад решетки. Некои од нив биле подготвени да проговорат.

-Некои од осомничените кои биле сведоци на кривичните дела, детално го опишале тој полицаец, кој сакал да се појавува со автомат. Имаме сведочења, а анализираме и снимки. Никој нема да биде лишен од правдата, па макар и да се крие зад државни службеници - наведува извор на истрагата.

Лазар Вукиќевиќ изчезнал кон средината на октомври во Баново брдо. Тргнал на договорена средба со блиндирано возило и повеќе не бил виден.Во овој момент криминалната група предеводена од Вељко Беливук и Марко Миљковиќ се сомничи за три убиства. Станува збор за Горан Величковиќ Гокси, Здравко Радојевиќ и Милан Лјепоји. Овие три злосторства се направени скоро на идентичен начин, а местото на убиството како што постои сомнение, е куќа во Ритопек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега