Словенија: Се очекува 60 отсто од населението да се вакцинира кога ќе бидат достапни ковид вакцините

Кога вакцината против Ковид-19 ќе стане достапна, се очекува да бидат вакцинирани околу 60 проценти од словенечкото население или околу 1,2 милиони луѓе. Тоа го нагласи словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар.

 

Гантар, одговарајќи на прашањето на пратеници, цитираше интерно истражување кое покажа дека околу 55 проценти од вработените и 69 проценти од корисниците на домови за стари лица изразиле желба да се вакцинираат, јави СТА.

Тој додаде дека околу 60 проценти од луѓето во ЕУ се очекува да бидат вакцинирани.

Гантар посочи дека листите на чекање во јавниот здравствен систем веќе се зголемиле повеќе од 10 пати во годините на економски раст, а тие исто така значително се зголемиле во текот на првите два месеци од епидемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега