Close Menu
Press24
    Најново

    Словенечка поддршка за македонските земјоделци

    24.03.2026 во 10:25

    ВМРО-ДПМНЕ: Колку полошо за државата, толку подобро за Заев и Филипче

    24.03.2026 во 10:23

    Стојанче Ангелов: Го оправдувам американскиот напад врз Иран

    24.03.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Словенечка поддршка за македонските земјоделци
    • ВМРО-ДПМНЕ: Колку полошо за државата, толку подобро за Заев и Филипче
    • Стојанче Ангелов: Го оправдувам американскиот напад врз Иран
    • Ненад преживеал вистински шок: Отишол на бензинскa па дознал дека е мртов, му ги блокирале картичките и не можел да плати
    • Го натоварил возилото со мигранти – Македонската полиција го уапси
    • Средба Муцунски-Минзату: Фокус на соработката во областа на образованието
    • Хаос во Тел Авив: Иранска ракета со 100 кг експлозив удри во центарот на градот
    • СДСМ: Се е поскапено – Мерката на Мицкоски без ефект
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Словенечка поддршка за македонските земјоделци

    Словенечка поддршка за македонските земјоделци

    24.03.2026 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“, кој започна во јануари 2026 година и ќе трае до септември 2028 година, предвидува поддршка за најмалку 50 земјоделци и нивните семејства, обука за 40 земјоделци за климатски паметни практики, формирање на четири демонстративни парцели за тестирање и прикажување практики за ефикасно користење вода, подобрување на почвата и климатски отпорно земјоделство, микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи, финансиска поддршка за почнување на четири бизниси управувани од жени и формирање земјоделска задруга со најмалку 40% жени.

    Активностите се реализираат во три речни сливови: Вардар, Струмица и Црн Дрим, во општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Струга, Вевчани и Дебар.

    Целта на проектот е да ја поддржи земјоделската заедница во справувањето со последиците од климатските промени преку современи и одржливи практики.

    Проектот е финансиран преку програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, со дополнително кофинансирање од локалниот партнер и други придонеси од вклучените организации. Го води Форумот за праведен развој (FER) од Словенија, а во Македонија го спроведува Милиеуконтакт Македонија (MKM).

    Иницијативата доаѓа во време кога земјоделството се соочува со зголемени суши, нерамномерна распределба на водните ресурси и ограничен пристап до современи технологии, особено за жените и младите во руралните средини. Проектот обезбедува директна поддршка преку обуки, менторство и финансиска помош за зголемување на продуктивноста и отпорноста на фармите, како и активности за унапредување на родовата еднаквост и економско зајакнување на жените.

    „AgriSHIFT“ има за цел да поттикне премин кон одржливо и климатски отпорно земјоделство преку подобро управување со природните ресурси, трансфер на знаење и развој на нови економски можности за руралното население, велат од MKM.

    Популарно

    Словенечка поддршка за македонските земјоделци

    24.03.2026 во 10:25

    ВМРО-ДПМНЕ: Колку полошо за државата, толку подобро за Заев и Филипче

    24.03.2026 во 10:23

    Стојанче Ангелов: Го оправдувам американскиот напад врз Иран

    24.03.2026 во 10:22

    Ненад преживеал вистински шок: Отишол на бензинскa па дознал дека е мртов, му ги блокирале картичките и не можел да плати

    24.03.2026 во 10:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.