Следува драстична промена на времето - УХМР најавува силни врнежи, грмежи и ветер

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информираат од УХМР.

Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 14 до 21, а највисоката температура ќе достигне од 29 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и со засилување на ветерот.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2020 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега