Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.

Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари.

Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене, пишува Слаткар на ФБ.

И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби.

Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм.

Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен.

И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат

Светот ќе го чуе гласот на најтивките

Се гледаме на премиера

Exit mobile version