Скоро 600 полициски службеници вчера учествувале во гаснењето на пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07:00 часот вчера до 07:00 часот денеска, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Македонија, од страна на МВР биле ангажирани околу 579 полициски службеници, реализирани 187 мото-патроли и користени 149 возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството посочуваат дека деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

– На 10.08.2021 во Полициска станица Делчево, во врска со пожари кои настанале на подрачјето на ОВР Делчево, на службен разговор биле повикани две лица на возраст од 57 и 47 години, од с.Нов Иственик и од с.Црник, се наведува во соопштението на МВР.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Посочуваат дека неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

12.08.2021 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега