Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Скопје 2028“ станува реалност:: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со својот италијански колега од Матера

    „Скопје 2028“ станува реалност:: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со својот италијански колега од Матера

    22.04.2026 во 11:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во пресрет на официјалниот почеток на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со Антонио Николетти, градоначалник на италијанскиот град Матера.

    На средбата, како што информираше Ѓорѓиевски, се разговарало за потенцијалите на двата града, размената на искуства и поставувањето на темелите за идни партнерства кои треба да придонесат за развој на Скопје. Оваа средба се случува еден ден пред утрешниот голем меѓународен настан, кој ќе го означи официјалниот почеток на чествувањето на титулата Европска престолнина на културата.

    „Овој процес носи нова енергија, визија и трансформација – културна, дигитална и инфраструктурна, а сѐ во интерес на сите наши граѓани“, истакна Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.

    Скопје утре ќе биде домаќин на бројни европски лидери и градоначалници, што претставува потврда за значењето на градот на европската мапа. Според градоначалникот, со овој проект се започнува нов развоен циклус базиран на долгорочни инвестиции и стратешка соработка. Ѓорѓиевски порача дека она што некогаш било заглавено, денес добива конкретна форма, а Скопје сигурно чекори кон создавање на модерна и просперитетна метропола.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.