Скопје: Тешко повреден велосипедист во сообраќајка однесен на клиника три дена по несреќата
Вчера во 23.10 часот во СВР Скопје, од Комплекс клинки „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.М.(63) од Скопје.
Според пријавеното, на 16.09.2024 околу 07.00 часот, додека управувал велосипед се судрил со патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, по што се спогодиле со возачот и си заминале од местото, а на 19.09.2024 побарал медицинска помош и му биле констатирани повредите.
Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
20.09.2024 - 16:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа