Скопје: Се запали автомобил „фолксваген голф“

На 22.03.2023 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„Илинден“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М.(40); информираат од МВР во соопштение испратено до медиумите.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „тојота селика“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(40) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

23.03.2023 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега