Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, кој се одржува во Скопје, информираат од Владата.

Форумот се одржува денеска и утре под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а е организиран во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Настанот се смета за една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.

Exit mobile version