Градот Скопје и официјално ја започнува потрагата по креативни идеи кои ќе го стават градот на европската културна мапа. Денеска е објавен првиот јавен повик за финансирање на проекти кои ќе станат дел од програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека овој процес се води транспарентно и согласно строгите критериуми од Брисел. Целта е да се поддржат проекти кои нема да бидат еднократни настани, туку ќе остават трајна вредност за градот и неговиот културен систем.

„Европска престолнина на културата не е сцена за импровизација. Тоа е заедничка обврска кон Европа дека знаеме да создаваме и реализираме врвни програми“, порача Ѓорѓиевски. Селекцијата ќе се одвива во две фази, вклучувајќи меѓународни експерти од ЕУ и домашни професионалци, а избраните проекти ќе се реализираат на територијата на сите десет скопски општини.

Exit mobile version