Скопјанка повредена во автобус на ЈСП
На 23.01.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на ул.„Војвода Васил Чакаларов“, Б.Н.(45) од Скопје, која се превезувала во автобусот, паднала и се здобила со повреди.
-Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
24.01.2023 - 21:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа