Скопјани спремете се: Денеска и утре повеќе општини без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска и утре без струја ќе бидат неколку скопски општини.

Без струја денеска од 09:00 до 10:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улица „Ѓорѓи Абаџиев“ и дел од улица „Боро Петрушевски“ во општина Центар.

Прекин на електричната енергија утре од 08:30 до 15:30 часот ќе имаат корисниците од булевар „АСНОМ“, згради бр. 44, 48, 50 и 54, во општина Аеродром.

Во период од 09:30 до 14:00 часот, без струја утре ќе бидат корисниците од објектите на патот од мостот на Маркова Река кон селото Батинци во општина Студеничани.

Од 10:00 до 13:00 часот утре, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Пагаруша во0 општина Студеничани.

Во период од 12:00 до 15:00 часот, без струја утре ќе бидат корисниците од дел од улица „Благоја Стефковски“, од потегот на улица „Никола Киров Мајски“ до улица „Париска Комуна“ во општина Гази Баба. 

13.12.2021 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега