Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Акција на полицијата за време на кошаркарски натпревар во Аеродром: Фатени лица со пиротехника
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Кристи Пајк се освести и почна да зборува – единствената личност во САД која преживеа смртна казна
    • „Оперирал“ низ Аеродром, полицијата му најде 12 украдени велосипеди
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопјани подолго чекале да добијат дозвола за оружје отколку лицата во другите градови

    Скопјани подолго чекале да добијат дозвола за оружје отколку лицата во другите градови

    02.10.2025 во 16:59Updated:02.10.2025 во 17:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека во рамки на неговите денешни активности, заедно со дел од раководството на Министерството, бил во посета на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје и ОВР Гевгелија каде одблиску направил увид во работењето.

    „За забележување е дека граѓаните на скопскиот регион во споредба со останатите низ државата малку подолго чекаат за своите одобренија и дозволи за оружје, но благодарение на добрата соработка со судската власт, од денес овозможена е електронска проверка и во прекршочната евиденција на судовите. Дадени се насоки на вработените во најкраток рок, хронолошки, да ги извршат сите преостанати проверки за лицата и да ги известат граѓаните за текот на постапката. Дополнително, мора да се истакне дека како резултат на макотрпната работа оваа година од страна на вработените низ државата, како и на внатрешната реорганизација во работењето и одлучувањето по предметите, веќе се разгледани речиси 8000 предмети, како од заостанатите предмети изминатите години, така и од електронски поднесените барања, истакна Тошковски.

    За споредба, како што вели министерот во својата објава на социјалните мрежи, она што е сработено досега оваа година било 4 пати повеќе во однос на годишниот просек до 2023 година.

    „Со новиот начин на работа ја искоренуваме корупцијата во оваа област која за жал беше огромна. Тука сакам да апелирам до секој еден граѓанин да пријави доколку некој му побара награда за службено дејствие кое е должен да го изврши. Во претстојниот период, ќе работиме на надградба на дигиталната апликација со цел граѓаните да можат дел од доказите електронски да ги прикачат кон барањето, со што единствено ќе биде потребно само еднаш да пристапат лично при подигнувањето на одобрението“, вели Тошковски.

    Тој остварил работна посета и на ОВР Гевгелија, каде со раководството разговарале за безбедносната состојба во регионот кој е јужната порта на нашата земја, низ која секое лето минуваат илјадници туристи.

    „Безбедносната состојба е стабилна, а во изминатиот период забележуваме подобрување во скоро сите области од полициското работење. Цврсто верувам дека вистинската сила на полицијата лежи во партнерството, во блиската соработка со локалните структури и со самите граѓани. Само така можеме заеднички да обезбедиме мирна и безбедна средина за сите, посочи Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Акција на полицијата за време на кошаркарски натпревар во Аеродром: Фатени лица со пиротехника

    07.10.2026 во 16:21

    Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско

    07.10.2026 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.