Скопјани не ги почитуваат сообраќајните правила - казни за над возачи

На територијата на Скопје полицијата вчера казнила  201 возач, од кои 24 биле санкционирани поради  возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР,  11 казни биле изречени за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, осум за минување на црвено светло, 11 за користење мобилен телефон при возење, шест за возење под дејство на алкохол, четири казни за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Министерството за внатрешни работи укажува дека ќе ги продолжи сообраќајните контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

25.11.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега