Скопјани не ги почитуваат правилата во сообраќајот - за еден ден казнети скоро 180 возачи

 

Повеќе од очигледно е дека голем дел од скопјани не ги почитуваат сообраќајните правила. Ова е констатација од секојдневните билтени кои ги добиваме од Министерството за внатрешни работи.

Имено, согласно најновите информации на надлежните институции казнети се дури 178 возачи. Најголемиот дел од нив возеле побрзо од дозволеното, а некои дури и без возачка дозвола.

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.    

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за недавање првенство на минување на пешаци“, информираа од МВР за Прес24.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија надлежните.

Оттаму испратија и порака до граѓаните.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачаа од МВР.

24.03.2023 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега