Скопјани нападнати со стаклен предмет на „Сараиште“

23-годишен скопјанец со стаклен предмет нападнал двајца скопјани на плажата „Сараиште“ во Охрид.

-Синоќа во 00,30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид,нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употреба на стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје. Љ.Д. и Д.Ј. со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен, велат од полицијата.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега