Скопјанец вперил пиштол во три лица, па пукал во воздух

 

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил „ауди Q5“ неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми.

Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно истиот ден осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал еден куршум во воздух пред зградата во која живее, а еден од оштетените и го удрил со шлаканица по лицето.

„Истрага е поведена поради основано сомнение дека со тоа сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, а против осомничениот ќе се води и скратена постапка за кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

08.12.2023 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега