Скопјанец тешко повреден, бил удрен од „фолксваген“

Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот И.З. од Скопје, удрило во пешакот, 36-годишниот С.И. од Скопје, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

29.11.2023 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега