Скопјанец среде населено место летал со 101 километри на час
На 27.05.2025 44 минути по полноќ, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р. (56) од Скопје.
На регионалниот пат Р-1205 во селото Пишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген “ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
27.05.2025 - 09:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа