Вчера во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Евакуирани бебињата: Избувна пожар во неонатолошкиот оддел на Општата болница во Чачак
- 234 општински советници зошто не поднеле изјава за имотна состојба – ДКСК ќе поведе постапки
- МВР со детали за сообраќајката на влезот во Скопје: Камион сруши семафор, повреден е пешак
- Блокиран влезот на Скопје – камион со кран сруши семафор и повреди моторџија
- Алармантно: 14 случаи на семејно насилство за само 24 часа – нападната бремена жена, син нападнат со нож, снаи напаѓале свекрви
- Времето истекува: На 9-годишниот Виктор му се потребни 150.000 евра до 30 април – да му подариме иднина
- Црн билтен во Скопје: Нападнат тинејџер, соседот ја претепал сосетката и ограбен пензионер на постојка
- Мистерија во Скопје: Албанец тврдел дека е повреден во сообраќајка, лекарите му нашле прострелна рана

